Камуи Кобајаши

popara31 август, 20111min00
0

Камуи Кобајаши е јапонски возач во Формула 1. Тој е роден на 13 септември 1986 во Амагасаки, Јапонија.

Кариерата ја започнал на 9-годишна возраст, возејќи картинг. Меѓуота посериозно почнал да се занимава со овој спорт кога во 2004 се пријавил во Возачката академија на Тојота. Набрзо потоа почнал да се натпреварува во Формула Рено класата. Тој возел во азискиот, италијанскиот, германскиот и холандскиот шампионат.

Во 2006, почнал да вози во Формула 3 класата, за тимот на ASM Formule 3. Во овој тим, еден од колегите му бил и Себастијан Фетел. Ја освои третата подиумска позиција во неговата деби сезона, како осми во  „Драјверс“ шампионатот и прв во „Руки“ шампионатот. На почеток од 2007- та бил назначен заедно со Кохеи Пирате, како еден од најдобрите Тојота тест возачи. Како натпреварувач во Ф3 Евросериите за престојната сезона може да се рече дека имал импресивен старт, земајќи два подиума во првите 4 трки. Во подржувачката трка Кобајаши земал победничко прво место во Формула 3, додека завршил како четврт во „Драјверс“ шампионатот.

Во 2008, Кобајаши ја освојува за прв пат GP2 серијата веднаш по втората трка во сезоната. По цврстиот старт во пол – спринт трката на Circuit de Catalunya, Камуи го завеја коцкестото знаме на првото место.

На 16 ноември 2007 се потврдило заминувањето на Френк Монтањиа, и Тојота Ф1 за трет возач во тимот го зема Јапонецот. Тој бил вработен како тимски тест и резервен возач за време на сезоните 2008 и 2009 година. Како и да е Кобајаши своето Формула 1 деби го направил на Бразилскиот Гранд При во 2009 -та година, проследена со компликации до Глок повреда која на почетокот не била забележана.

На 17 декември, 2009 година, по неколкуте шпекулации се потврдил договорот на Кобајаши со Петер Собер и БМВ Заубер тимот кој се повлече во 2010. Негов колега бил поранешниот Мекларен тест возач Педро де ла Роса.

До 2011 Кобајаши останал во Заубер, каде партнер му бил Серхио Перез. Кобајаши завршил како осми во отварањето на сезоната на Австралискиот Гранд При, но тој и Перез ( кој заврши седми) биле дискфалификувани поради откриени неправилности во задното крило на возилото. На 28 јули, се потврдило дека Кобајаши и понатаму ќе остане во Заубер во сезоната 2012, заедно со својот тимски колега Перез.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag