Карла Бруни сеуште незнае кој е полот на нејзиното бебе, но во едно е сигурна – слики од новороденчето нема да бидат објавени.
„Ние не решивме да имаме дете за да го ставиме пред камера“, изјавила првата дама на Франција и истакнала дека таа и нејзиниот сопруг, францускиот претседател Никола Саркози, решиле да не објавуваат слики од нивното бебе.
„Знам дека кај јавноста има интерес за мене и за мојот сопруг, бидејќи ние сме, пред се, јавни личности. Тоа не ми пречи, меѓутоа ќе се трудам моите деца да не бидат изложени во медиумите“, истакнала Бруни.
„Ќе сторам се за да го заштитам моето дете, и ќе бидам многу строга. Никогаш нема да објавам слики или да дозволам да биде малтретирано од медиумите“, вели идната мајка.
До породувањето има уште малку време, па останува да видиме дали Карла Бруни ќе успее да го сочува бебето далеку од папараците и од очите на јавноста.