Поранешниот американски претседател Џорџ Буш постариот во 1988 година, за време на кампањата за претседател на САД, планирал како кандидат за потпретседател да го повика Клинт Иствуд!
Познатиот актер во тоа време бил градоначалник на Кармил, Калифорнија.
– Баравме познати личности кои би можеле да ја подржат и зајакнат кампањата. Клинт Иствуд беше еден од нив. Во тоа време тој беше градоначалник на Кармил. Но до соработка, сепак, не дојде, изјавил поранешен шеф на председателската кампања на Буш, државниот секретар Џејмс Бејкер.