Кејт Мос пишува автобиографија во која очигледно прв пат отворено зборува за својот развратен живот. Манекенката е позната по консумирање на различни дроги и алкохол, особено во минатото, но никогаш јавно не се изјаснила по тоа прашање.
“Планира да открие детали од нејзиниот живот, во кој имало мнгу секс, дрога и rock and roll. Секогаш се воздржуваше на интервјуата, па луѓето немаат претстава каква е всушност и преку што се таа поминала во животот. Никогаш не зборувала за разводот на своите родители, за своето дете или за поранешните момчиња”, изјавува близок извор.
За оваа идеја, Кејт има поддршка од својот маж Џејми Хинс. Тој сака книги, а и самиот се занимава со пишување на кратки приказни. Верува дека приказната на Кејт е неверојатна и дека истата треба да се преточи во книга, само се надева дека новата занимација на Кејт нема брзо да и се здосади.