Кејт Мос троши пари како „луда“!!!

popara13 септември, 20111min00
Kate_Moss

Топ моделот Кејт Мос, која неодамна се омажи и направи луксузна и многу скапа свадба, воопшто не знае да штеди. Откако се омажи, актерката троши пари на се и сешто, како вили, скапоцени автомобили и многу многу накит.

Изгледа на Кејт и на нејзиниот сопруг Џејми Хинс бракот добро им тргна, барем од финансиски аспект. Откако купија огромна луксузна вила во Франција, манекенката решила да „си се почасти“ едно Порше. Скромно, нели???

Досега, Кејт има потрошено огромна сума на пари на реновирање на новата куќа, на нов фитнес центар и вински подрум со скапоцени вина. Ако продолжи вака, нејзиниот сопруг ќе мора многу да работи. Но, знаете како велат – успешен маж е оној кој може да заработи повеќе отколку што неговата жена може да потроши. Му посакуваме среќа на Џејми кој, судејќи по „трошачката треска“ на Кејт, навистина ќе треба да работи многу за да биде успешен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag