Кејт Винслет (35) ја краси насловната страна на магазинот “V” за септември. Во интервјуто овој магазин Кејт зборувала за нејзината најголема болка – секс пред камерите.
За грациозните фотографии на актерката заслужен е познатиот фотограф Марио Тестино, пред чиј објектив Кејт ја покажала сета нејзина привлечност. Во интервјуто оскаровката се сеќава на својата младост.
“Кога имав 19 години, бев полна со самодоверба и уште тогаш знаев дека сакам да бидам актерка”, изјавила Кејт, која си ја исполнила желбата од детството.
Но, Кејт и ден денес има проблем со снимањето на секс сцени.
“Ги мразам! Само влегувам на сет и велам да му “е.ам”, , да го направиме тоа! Ако се жалиш за нешто, тоа не значи дека проблемот ќе исчезне! Како актерка доживеав многу бизарни работи. Но што да правам? Да и кажам на мама дека денес работев, а нечии муда беа потпрени на мојот задник”, изјавува Кејт.