Кејт Винслјт како Рамбо:) Ја спасила мајката на милијардерот Ричард Бренсон од сигурна смрт!!!

popara24 август, 20111min00
kejt

Гостите на приватниот остров Некер во собственост на милијардерот Ричард Брансон биле веќе во длабок сон кога главната зграда на имотот  во понеделникот во 4 часот утрото била погодена од гром.  Дрвената градба во карибскиот рај се запалила како кибритче. Додека сите во паника трчале надвор, славната гостинка, актерката Кејт Винслејт  успеала да ја изнесе 90 годишната  мајка на милјардерот и ја спасила.

Заедно со својот дечко и двете деца, десетгодишната Миа и седумгодишниот Џои, оскаровката била меѓу 20-те  гости во големата куќа на островот Некер кој е дел од Британските Девствени острови.

Огнот ја проголтал дрвената куќа со осум големи спални соби, но благодарение на пожртвуваноста на 25 годишниот Сем, син на милијардерот Бренсон никој не бил повреден за време на пожарот. Господинот Бренсон со својата сопруга биле сместени во посебна куќа одалечена стотина метри од главната, меѓутоа неговата стара мајка Ева како и неговата ќерка Холи биле во Големата куќа зафатена со пожарот.

Навистина интензивна бура го зафатила островот, ветровите се движеле со брзина од 150 километри на час. “Мојот син Сем се втурна во куќата за време на пожарот и помагаше на гостите да излезат. Кејт Винслет ја извлече мојата мајка и затоа и сум вечно благодарен.” -рече Брансон. Глумицата изјавила дека се чуствувала како да е во филмско студио и само чека режисерот да каже “сечи” !

Големата куќа била целосно уништена, и изгореле илјадници фотографии што се наоќале во подрумот каде била и канцеларијата на Ричард Брансон. Гостите после пожарот биле сместени во другите куќи на островот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma