Кети Пери е целосно посветена на својот сопруг Расел Бранд. 26-годишната суперзвезда дури поминува време и со нејзината свекрва. Пери била забележена како шета низ Лондон со својата свекрва Барбара, мајката на Бренд.
Папараците ги следеле девојките за време на нивната “прошетка“. Откако ја гледале музичката адаптација на “Дух“ во Лондонски Вест Енд. Највероватно со текот на времето огладнале и одлучиле да вечераат во фенси ресторанот Нобу, чијшто сопственик е Роберт Де Ниро.
Пери дури и напишала на својот профил на Твитер “Денес сите отидовме да го гледаме мјузиклот Дух. Се убивме од плачење, ТОЛКУ беше добро. Честитки на моите пријатели Глен Балард и Дејв Стуарт”, твитнала Кети.
После една година брак, добро е да се види дека Кети се уште е во добри односи со мајката на Бренд, која сама го одгледала Расел, откако таткото на Бренд одлучил да ги напушти. Расел Бренд, 36, е премногу близок со својата мајка, која има преживеано три битки со ракот.