Се чини дека Ким Кардашијан не пати премногу поради разводот. Според извештаите на американските медиуми, фрлила око на Дејвид Бекам.
“Ким сака атлетски градени мажи и многу и се допаѓа фудбалерот Дејвид Бекам. Се разбира, тој е среќно оженет, па таа наводно нема да стори ништо. Оваа љубов на растојание веројатно е сега совршена за неа”, открил анонимен пријател на старлетата.
Викторија уште не искоментирала ништо во врска со овие изјави на Ким, но се знае дека таа посесивно го чува нејзиниот сопруг, па ако Ким сака да направи нешто конкретно, Викторија сигурно ќе најде начин како да ја тргне подалеку од нејзиниот Дејвид.