Старлетата Ким Кардашијан ќе ја краси насловната страна на турското издание на магазинот Космополитен. Таа е изненадена што се појавила на насловната токму на денот на сеќавање на геноцидот, кога турците ги потчиниле ерменците.
Јас сум горда бидејќи сум по потекло од Ерменија. Јас сум така воспитана и израсната во семејство кое ме научи да бидам горда на она што сум.
Среќна сум што политиката сега не е таква како што беше, и што токму јас сум на насловната на овој ден, изјавила Ким на својот профил на Твитер.