Ким Кардашијан, по неславниот брак кој траел само 72 дена, одлучила да продолжи понатаму со нејзиниот љубовен живот. Овој пат, таа отворено флертувала со раперот Кание Вест, на кого изгледа навистина и се допаѓа.
Ким присуствувала на неговиот концерт во Лос Анџелес, а потоа ја поминале целата ноќ лутајќи по приватни забави. Ким и Кание цело време флертувале и умилкувале.
“Kание цело време ја гледал Ким како вкусно парче торта. Цело време ја допирал и милувал по главата и половината. Мислам дека умирал од желба да ја бакне, но не го направил тоа бидејќи биле опкружени со премногу луѓе”, изјавил анонимен извор за американските медиуми.