Ким Кардашин многу се разочарала и се налутила на новинарите поради нивните натписи за нејзината посета на Хаити.
Во американските медиуми се пишуваше дека старлетата отпатувала по повод посета на една хуманитарна асоцијација, иако всушност вистинската причина според нив била, нејзиното присуство на модни ревии и посета на салони за убавина во кои потрошила богатство. Старлетата на својот блог ги демантираше овие гласини.
“Тоа ми беше убаво искуство што го смени целиот мој живот, неверојатно емоционално и позитивно патување што никогаш нема да го заборавам, а медиумите почнаа да пишуваат сосема лажни и смешни работи. Изнесувањето на ваквите лаги само стави црни точки на моето патување. Медиумите навистина многу ме разочараа”, напиша Ким.