Ким Кардашин во шопинг! Му купи нешто и на Крис?

popara13 септември, 20111min00
1

Реалити шоу ѕвездата вчера вечер исцрпена се вратила во својот хотел во Њујорк после целодневната екскурзија во Конектикат. Но се чини дека имала шопинг терапија за време на екскурзијата. Асистентите на Ким  извадија неколку торби од нејзиниот автомобил, вклучувајќи и една од  Victoria’s Secret.

Се чини дека 30 годишната новопечена невеста решила да си ја обнови гардеробата со најнови парчиња на долна облека.

Ким била облечена просечно, со рамни чевли и со многу малку шминка. Со себе носела бушаво ќебе и перниче со дизајн на кожа од леопард за поудобно патување.

Но подоцна се појави на една промоција на албум во своето гламурозно издание во краток црн фустан и црни потпетици. Ким и Крис седеа заедно на настанот каде го прославија издавањето на албумот Ready To Live на Duane McLaughlin. Сите очи беа вперени во ново венчаната двојка, а Ким не ги одвои рацете од својот сопруг.

Завчера Ким ја покажа својата фигура облечена во блуза со длабоко деколте, кратки црни шорцеви црвено палто и црни високи потпетици.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag