Познатата старлета Ким Кардашијан ја покажа својата храброст пред целата јавност. Таа штом се врати од одморот на Бора Бора веднаш ги објави новите фотографии на својот профил на Твитер.
На фотографиите Ким ја покажува храброста со то ашто влегува во вода да плива заедно со ајкули. Иако на некои од фотографиите се гледа колку е исплашена сепак таа вели: Беше незаборавно искуство. Беше и страшно, но тоа што секојдневно таму влегуваат по десетина луѓе да пливаат заедно со ајкулите ја покажува безбедноста. Никогаш нема да го заборавам ова искуство, напишала Ким на својот профил.