Ким Кардашијан (31) и Крис Хемфрис (26), кои одлучија да се разведат по 72 дена поминати во брак, во неделата пристигнале на премиерата на реалното шоу “Kortney&Kim Take New York”. Тие не пристигнале заедно и цело време се избегнувале да не се сретнат.
Во една од сцените Ким и нејзината сестра Кортни вежбале јога со гол инструктор. Двете на себе имале само градник и гаќички. Во нивно друштво биле и неколку нивни пријателки.
Инструкторот се соблекол гол, што не му се допаднало на Крис. Кога тој ја отворил вратата и влегол во собата, извикал дека сето тоа што го гледа е одвратно.
– Ова е мој дом. Ова е непочитување, а Ким само му дофрлила дека е незрел. Тој и објаснил дека речиси повратил кога видел што се случува.
Ким и Крис кратко време поминале во брак. Причината за разводот наводно била желбата на Крис заедно да живеат во Минесота, на што Ким реагирала дека не сака во тој град туку инсистирала да живеат во Њујорк.
One comment
goran
28 ноември, 2011 at 19:59
a ne sme amerikanci neandertalci tolku vnimanie na K.K da i obrnuvame