Во Јужна Кореја живее двојникот на покојниот лидер Ким. Човекот неверојатно многу наликува на лидерот од Северна Кореја, поради што имал и многу проблеми.
Сеул – Ким Јунг Сик (61) деновиве е во голема жалост поради смртта на Ким Јонг Ил, на кого тој личи како да му е брат близнак. Тој држи трафика и како трговец доаѓа во контакт со голем број луѓе кои многумина од нив се шокираат кога ќе го видат. Луѓето кои би го виделе за прв пат речиси сигурни биле дека тоа е лидерот на Северна Кореја.
Со текот на времето јужнокорејскиот Ким се соживеал со фактот дека личи на лидерот од Северна Кореја, па затоа деновиве е во жалост за неговата смрт.
„Се чувствувам како да умрел дел и од мене“, изјавил Ким, јужнокореанскиот трговец.
httpv://www.youtube.com/watch?v=c4HjtzuKu2g