Кина е најголемиот пазар за смарт телефони

popara24 ноември, 20111min00
LG-GW880-SmartPhone-Come-to-Chinese-market

Третиот квартал оваа година донесе смена на првото место на листата на најголеми пазари на смарт телефони. На врвот наместо САД, се најде Кина.

Според податоците на компанијата Strategy Analytics, во овој период на кинескиот пазар се испорачани  24 милиони единици, додека во САД се испорачани еден милион помалку.

Ова е прв пат Кина да стане  земја со најголем број на испорачани смарт телефони, а аналитичарите  како причина ја сметаат зголемената популарност на евтините Android телефони произведени од страна на локалните компании (Huawei, ZTE).

Што се однесува до уделот на компаниите во кинескиот  пазар, и покрај евтините алтернативи, Nokia и Samsung се уште водат, покажува извештајот на Strategy Analytics, и тоа со 6,8 и 4,2 милиони испорачани уреди, односно 28,5 и 17,6 проценти удел на пазарот.

Во САД, HTC има најголем удел, 24 проценти, втор е Apple со 20,6 проценти.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag