Кина вложува милијарди за спас на еврото

popara27 јуни, 20111min00
Session with Wen Jiabao, Premier of the People's Republic of China
Кина вети дека ќе ја зајакне својата поддршка на еврозоната и дека ќе вложи милијарди евра за спас на европската единствена валута, а кинескиот премиер Вен Џијабао лично тврди дека Кина ќе продолжи да купува државни обврзници, односно долгови на европските земји загрозени од должничка криза.
Вен, вчера на почетокот на својата тридневна посета на Велика Британија, изјавил дека Европа може да се надева на “безрезервна“ поддршка од неговата земја и од него лично. Немирите во Грција не влијаеле на желбата на Кина да ги откупува европските долгови, а оваа земја, чии девизни резерви изнесуваат околу две милијарди евра е најголем кредитор.
“Кина е долгорочен инвеститор на европскиот пазар на обврзници. Изминатите години ја зголемивме нашата побарувачка на државни обврзници и ќе продолжиме да ја поддржуваме Европа“, тврди Вен.
Спротивно на тоа, милијардерот Џорџ Сорош тврди дека должничката криза ја доведе Европа “на работ на економски колапс“ и дека практично е неизбежно дека барем една од погодените земји членки ќе ја напушти еврозоната, односно неизбежно е дека Европа мора да  направи “план Б“ за да излезе од кризата.
Според него, европскиот одговор на кризата во Грција бил несоодветен, а за спречување на дезинтеграцијата на еврото се потребни далекусежни реформи.
Извор: Нетпресс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag