Кинески ѕид

popara29 август, 20111min00
Great wall of china

Ѕидот се крева над најстрмните ридови (лево), криви низ пусти ридски предели (горе десно) и ги заокружува целите ридски ланци, како тука (доле десно), западно од главниот град, Пекинг.

Меѓу сите гигантски градби на светот, Големиот кинески ѕид е далеку најголем. Во долж изнесува 2.450 километри – тоа отприлика одговара на одалеченоста од Хамбург до Палермо – се простира од брегот на Жолтото море па до внатрешна Азија, од Сучу во Канзи до Шаншаи- куана во заливот Лиау-тунг, кој е висок 16 метри, во подножјето е 8 , а горе 5 метра широк. Двапати Кинескиот ѕид ја сече реката Хуанге. Во Хопех, Пекинг се дели и брани од двете страни. На секои 100 метри се наоѓа, наводно, по една стражарска кула а вкупно имало повеќе од 40.000.

Пресметано е дека ѕидот бил изграден од 300 милиони кубни метри материјал- доволно за да се подигнат 120 Кеопсови пирамиди или да се постават 2 метра висок ѕид околу екваторот. Историјата на овој ѕид, полна со крв и солзи се враќа наназад, во време од пред 2.600 години. Но по надалеку раширеното мислење, денешниот Голем ѕид се смета дека е помлад. Тој потекнува од петнаесетиот век кога со Кина владеела династија Минг.

Првите кинески ѕидови не биле градени за Кинезите да се бранат од непријателите. Ѕидот служел исклучително за внатрешни потреби. Така се бранела државата Чу, на почетокот на шестиот век пред новата ера, од нападите на северните соседни држави, а во следните векови тој пример го следеле и државтие Чи и Веји. Околу 320 години пред нашата ера, државата Чин го направила истото, а неколку децении подоцна на тој историски модел се приклучиле и Чао и Јен. Веројатно тие тврдини биле земјени бедеми со стражарски кули.

За подигање на првиот бедем за одбрана од надворешен непријател бил одговорен царот Хуангти (221-210 п.н.е). Тој делумно се придржувал на веќе утврдената граница на ѕидот, а постапно градел нови делови од ѕидот како „варварите“ и „демоните“ би немале можност да влезат во неговото царство. За еден од постојаните ѕидови сеуште не постои објаснување. Клучните точки на одбранбените линии беа кулите чии надворешни површини се состоеле од огромни цигли (48 x 48 x 18 cm). Просторот окружен со тие ѕидови биле исполнети со цврсто набиена смеса од глина и чакал, а ставале во тоа и гранки од тамарис. Тие кули биле високи околу 10 метри, а 6 метра широки. Бедемот од глина, кој меѓусебно ги спојувал, не бил потпрен со ѕид. Но набиената смеса од глина, креч и песок се покажала толку отпорна така што делови од тој ѕид се одржале до денес.

Кулите имале и делови за набљудување. Кога Хуните на коњи ќе се приближеле, стражарите ќе го повикале најблискиот екипаж на војска сместен во позадината на бедемот или во логорот или во некоја од тврдините. Преку ден биле употребувани едра со слични знамиња или димни сигнали за предупредување, а ноќе  се служеле со корпи кои биле исполнети со огнени бакли.  Тие корпи се движеле со помош на некои конструкции од стапови, поместувајќи ги во усогласен ритам горе-доле. Уште една од задачите на стражарите била и константното одржување на широката маса на песок пред градбата, нејзино константно чистење и порамнување, за да се забележат трагите на непосакуваните странци.

Царот Ши Хуанг најпрво ја употребил својата војска за изградбата. Според толкувањата , учествувале околу 300.000 војници во тој процес, но очигледно дека на овој начин не напредувала градбата според посакуваната брзина, па така биле отворени затвори, од каде разбојниците и убиците се праќани на градилиштето. Кога и тоа не било доволно, задолжиле голем број од населението за работа. Како што се вели, бил повикан секој трет Кинез од машки род за работа на градилиштето.

Околу стотици илјади присилни работници умирале од исцрпеност, напор или глад. „Кога ќе ти се роди ќерка, удави ја“, вели една кинеска тажна песна, „кога ќе ти се роди син, немој да го одгледуваш. Зар не гледаш како Големиот ѕид е изграден од лешеви?“ Како и во наредните векови, ѕидот можел да го задржи непријателот само ако имало доволен број на војници. Тие тврдини кои не биле бранети, биле бескорисни. Кога за време на востанието 209 година, војниците и присилните работници го напуштиле граничното подрачје, на кратко време Хуните успеале да ги освојат недоволно одбранетите подрачја околу Големиот ѕид.

Откако веќе во основа ѕидот беше завршен, граничниот бедем го изгубил своето значење, бидејќи во Кина во наредните векови повторно следеле напади од страна на непријателите. Воените противакции за Кина беа неупешни. Ништо не им помогнало на Кинезите , и покрај тоа што на Хуните им плаќале данок и ги женеле нивните војсководци со свои принцези. Во кинеските годишници веќе со векови не се говори за Големиот ѕид. Дури во петиот и шестиот век се доаѓа до некој оскудни податоци за изградбата на нови бедеми. Марко Поло, кој патувал во Кина речиси насекаде, во ниедна реченица го нема споменато ѕидот, ниту ниедна друга слична градба.

Во случај тогаш сеуште да постоеле спомени од вредните остатоци од ѕидот на Ши Хуангт, Марко Поло несомнено би ги забележал. Замислата да се согради нов и поцврст „ѕид од 10.000 милји“ („Ван-Ли-Чан-Ченг“), ако за милјата сметаме дека е 329 метри, се чини дека настанала во четрнаесетиот век. Монголците под лидерство на Џингис-канот и неговите наследници ја покориле Кина и со нејзе владееле 90 години. Во 1936. Кинеските бунтовници под водство на синот, и повремениот монах, Чу Џијанчанг (како цар Тај-чу тој ја основал династијата Минг) успеал да ги протера непријателите. Во текот на наредните десет години следеле постојани монголски напади, додека еднаш бил заробен и царот. Морало нешто да се превземе за државата да биде заштитена од нападот на север. За време на владеењето на неколку цареви во период на династијата Минг, која траела се до 1644 година, се работело на обновувањето на оној Голем ѕид кој во бележниците на тогашните кинески државни географи се водел само под рубриката „стари градби“.

При изградбата на Минговиот ѕид поставени се широки темели од тешки камени квадрати, на кои се соѕидани два цврсти ѕида од печени цигли. Празнините измеѓу ѕидовите ги пополнувале според верниот начин на изградба на Ши Хуангттовите кули т.е со цврста набиена смеса од глина, креч и песок, притоа додавале и камен, па потоа повторно чакал и парчиња цигли. Слојот од цигли ја покривало смесата во ширина. При изградба на обемот на странично распоредените парапети, посебно се внимавало на најповолниот агол за употреба на лакот и стрелата. На рамномерно поделени простори се направени четвртоаголни кули за набљудување. Додека е граден ѕидот, не воделе сметка за околните предели. На почетокот тој бил сосема запоставен до брегот од Жолтото море. Бродовите полни со железо и гранит ги потопувале на брегот и притоа ги употребувале како темел за идниот ѕид. „Ѕидот се простира во долж на ридот накај исток и запад во непреодната дивина, горе низ најстрмните висини, доле во најдлабоките долини, понекогаш исчезнувајќи во облаците што ги кријат врвовите на ридовите.“ ( Хесе Вартег) За четите кои биле сместени во ѕидот пишува и Адам Бренд, кој во 1692 година од Москва допатувал во Кина, и извлекувајќи извештај: „ Горе на ѕидот се наоѓала една стражарска куќа во која има 40 до 50 војници, а на неа имало соѕидан храм на боговите на кој се вееле жолти знамиња и банери на кралевите и боговите. Во споменатата куќа постојано бдеела стражата, а надвор од задните порти исто се наоѓала стража во која имало околу 20 војници.. Ѕид има на сите места каде што е потребно, исто и врати кои служат делумно за трговија, а има и дел за напад врз Татарите. Во ѕидот и надвор од него се наоѓаат цврсти тврдини.“ Најголемиот дел од владетелите на династијата Минг биле погребани недалеку од Пекинг во едно пространо подрачје од храмови – гробници. Денес, кој ќе се упати да го види Големиот Кинески ѕид, ќе ги посети и гробовите на современата династија Минг, до кои ќе ги доведе долгата и километражната патека од ретко чудни и огромни скулптури од воини и животни.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag