Поштенските служби во главниот град на Кина понудија оригинално решение на зголемениот број на разводи – љубовни писма кои партнерите ќе си ги испраќаат еден на друг, кои ќе бидат испорачани со закаснување од 7 години.
Новата услуга ќе им овозможи на двојките, кои сеуште се во љубовна еуфорија, да испратат љубовно писно на својот партнер, кое ќе стигне по 7 години кога најверојатно љубовните односи ќе бидат „заладени“.
Разводите станаа се почеста појава во Кина. Само за пример, во главниот град Пекинг, стапката на разводи се зголеми од 11,5 % во 2004 година на 21 % во 2010 година.
Специјалните плика, кои содржат посебна картичка за пораки, веќе се пуштени во продажба. Сите париво кои во наредниот месец ќе се венчаат во Пекинг ќе добијат ваква картичка на поклон.
Да видиме дали оваа идеја ќе им успее на Кинезите. Ако им успее, предлагаме да им ја „украдеме“!!!
Ама тешко дека ќе им успее ваквата идеја, особено за вакви парови. Мал вовед во целата приказна: Невестата на денот на свадбата дознава дека нејзиниот маж е педер, и тоа лично од поранешниот дечко на младоженецот! Погледнете го видеото: