Девојчето е толку мало што едвај може да вози велосипед, но затоа автомобил вози без никаков проблем.
Родители од Кина и дозволиле на својата четиригодишна ќерка Џија Женг да вози автомобил. Едно од тие возења било снимено со камера и објавено на интернет, пишува Daily Mail. Девојчето без проблеми ги поминувало другите возила на патот, додека мајка и седела до нејзе и ја снимала, а татко и мирно седел на задното седиште на автомобилот.
http://www.youtube.com/watch?v=PIBMjfsN_F4&feature=player_detailpage#t=0s
Многу од луѓето кои го погледнале видеото биле згрозени од тоа како може толку мало девојче да вози автомобил и мислат дека родителите на малата Џија се премногу неодговорни и непромислени.