Англиската актерка Кира Најтли и Мајк Фазбендер во најновиот филм “Опасни методи” пред снимањето на еротските сцени пиеле шампањ и вотка. Тие го правеле тоа со намера малку да се опуштат, бидејќи сè било прилично стресно за двајцата.
– Мајк и јас пред снимањето на еротските сцени пиевме по една чаша вотка или шампањ, признала актерката.
Таа после хит филмот “Пиратите од Карибите” одлучила да се повлече од медиумите, бидејќи премногу и пречеле папараците кои ја следеле на секој чекор.
– Отидов во “куќен притвор”, бидејќи фотографите цело време ме следеа и се вртеа околу мене. Периодот од животот кога го снимав филмот “Пиратите од Карибите” беше целосно хаотичен за мене, секое утро пред вратата ме чекаа голем број на папараци, аи одењето до продавница за мене беше вистинска авантура, изјавила убавата актерка за Дејли Мирор.