Ако се земе во предвид дека речиси 50 години свират заедно во групата The Rolling Stones, Кит Ричардс го смета Мик Џегер за свој брат, со кого некогаш многу добро се согласува, а некогаш е во голема кавга, но затоа пак секогаш си се сакаат. Но, има уште една работа која Кит ја нема откриено досега на јавноста, а тоа е дека Мик сака да се однесува како вистинска дива.
“Кога работам со него исто како да работам со Марија Калас. Дивата секогаш е во право, така што ние мораме да се обидме да ја смислиме и составиме музиката и текстот, а да не ја налутиме дивата. Но ако го налутиме, тој едноставно побудалува, изјавил Кит и додал: “Вие веројатно мисите дека ние сме како едно големо среќно семејство? Заборавете на тоа, ние се караме како кучиња и мачиња во текот на целата наша кариера, ние сме како браќа кои еден ден се сакаат, а друг ден се тепаат?..”