Кит Ричардс во 1973 година можел да добие 25 тужби за поседување и употреба дрога!! Ама не добил бидејќи е “фаца” :)))

popara4 ноември, 20111min00
KEITH RICHARDS

После скоро 40 години, тајната на Кит Ричардс е јавно објавена. Славниот гитарист на групата The Rolling Stone во 1973 година бил уапсен за поседување и конзумирање дрога, а полициските записи беа објавени во јавна архива во Велика Британија во текот на изминатата недела.

Откако полицијата во 1973 извршила претрес на неговата куќа во Лондон, тој платил казна од 250 фунти, а според доказите коишто биле таму собрани можел да добие 25 тужби. Иако гитаристот долго време тврдеше дека полицијата му ги сместила доказите, према извештајот е објавено како во домот му пронашле марихуана, хероин, Мандракс, револвер, сачмарка со 110 куршуми, но при претресот Ричардс тврдел дека сето тоа му припаѓа на Маршал Чес, син на основачот на легендарните “ Chess Records”, кој освен Ролинг Стоунс ги прославил и  Ету Џејмс, Мади Валтер и Литл Ричард.

“Ова нема никаква врска со нас. Маршал ја изнајмува куќата, а ние дојдовме овде вчера”, тврдел Кит. Но, истиот ден пробал да ги сокрие спалените жици на кои подгревале хероин. Подоцна рекол дека сачмарката ја купил еден од асистентите на бендот, затоа што им требала за снимање на Јамајка. Според британските медиуми, ова се било заташкано баш поради тоа што се работи за славни личности.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag