Овошјето киви потекнува од Нов Зеланд, а името го има добиено по птицата која живее во тие краишта. Денеска кивито се одгледува на Медитеранот, Јужна Африка, Америка и Русија. Кивито е вистински извор на витамин Ц, а само еден плод од оваа овошка содржи 120% препорачана количина од овој значаен витамин. Енергетската вредност е ниска, па затоа често се смета за идеална диетална намирница. Истовремено содржи висок процент на диетални влакна и електролити на калиум. Кивито се препорачува за сите, особено на лицата со намален имунитет или зголемен крвен притисок.
Хранлива вредност
Една овошка киви со средна големина (76 g) содржи:
Енергетска вредност: 46 kcal
Протеини: 0.75 g
Јаглехидрати: 11.3 g
Вкупни масти: 0.33 g
Влакна: 2.6 g
Одличен извор на витамин Ц (74.5 mg)