Ќе биде интересно! Надал- Мареј, Џоковиќ- Федерер :)

popara10 септември, 20111min00
nike-rafael-nadal-us-open-2011-collection-12

Познати се полуфиналните двојки на US Open. Најдобрите четири тенисери на светот ќе се сретнат меѓусебе во полуфиналето на последниот грендслем годинава. Првиот носител Новак Џоковиќ ќе игра против големиот Роже Федерер, додека минатогодишниот победник, и втор светски рекет, Рафаел Надал ќе се сретне со британецот Енди Мареј.

Енди Мареј , по 3 часа и 24 минути, го совлада американецот Џон Иснер со 7-5, 6-4, 3-6, 7-6 (2). Британецот стана седумнаесетиот тенисер во историјата кој во една година се пласирал во полуфинале на сите четири грендслем турнири.

Рафаел Надал, лесно, по само еден час и 52 минути, го победи американецот Енди Родик со 6-2, 6-1, 6-3. Тој во полуфиналето ќе се сретне со Енди Мареј. Надал во меѓусебните дуели против Мареј води со 12-4, меѓутоа на нивниот дуел во полуфиналето на US Open во 2008, победи Мареј.

Денеска се играат полуфиналните дуели во женска конкуренција. Да потсетиме таму играат Саманта Штосур против Анжелик Кербер и Серена Вилијамс против Каролин Вознијацки.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma