Ќе дојде ли крај на светот на 12.12.2012 година?!

popara1 декември, 20111min00
120936

Крајот на светот не ни се ближи, барем така тврди германскиот експерт Свен Гронемејер кој работи на дешифрирање на списите на Маите, каде се споменува 2012 година. Според неговите тврдења таа дата означува премин во нова ера, но не и крај на светот како што многу мислеа.

Гронемејер од австралискиот Универзитет Ла Троб ги претставил своите наоди на еден археолошки локалитет на југот на Мексико, неколку дена откако мексиканскиот археолошки институт соопшти дека постоела уште една табела со хиероглифи каде се спомнува 2012 година, што предизвика нови дискусии за можниот колапс на светот.

Инаку, Гронемејер со години работи на една камена таблица која е пронајдена во Тортугер, во државата Табаско. Тој тврди дека списите опишуваат враќање на мистериозниот бог на Маите, познат како Бактунс.

„Датумот има симболична вредност, бидејќи на него се гледа како на ден на создавање, а станува збор за доаѓањето на бог, а не крај на светот“, изјавил Гронемејер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag