Ќе го “јаде стапот” Хамааас! Подмукло “удри по цивили” во Израел!

popara19 август, 20111min00
4d9db3773f832041

Во серија на терористички напади против израелски цели, дваесет километри северно од израелското пристаниште Ејлат, во близина на границата со Египет, загинале седум лица, а повредени биле најмалку 26 лица, јавиле израелските медиуми.

Првиот вооружен напад врз автобус број 392, кој патувал кон Ејлат, се случил околу 12 часот по локално време.

Веднаш потоа, израелската армија пристигнала на местото на нападот каде неколку експлозивни направи биле активирани покрај воените возила.

Нешто помалку од половина час подоцна била исфрлена ракета од Египет кон Израел, околу 13:10 часот била истрелана и противтенковска ракета, која погодила цивилно возило, повредувајќи 7 лица. Подоцна уште една противтенковска ракета погодила цивилно возило каде биле повредени 6 лица.

Се уште останало нејасно, дали се убиени напаѓачите, и колку жртви има меѓу нив.

Израелски официјален претставник изјавил дека напаѓачите се инфилтрирале од појасот Газа низ пустината Синај, а израелската армија потврдила дека нападот почнал со пукање кон автобус и продолжил со антитенковски ракети и експлозивни направи кои се активирани покрај воени возила.

Портпаролот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Марк Регев изјавил дека Израел има конкретни и прецизни информации дека терористите се дојдени од појасот Газа.

Друг анонимен израелски официјален претставник изјавил дека вооружените лица не биле во можност да дојдат во Израел преку строго контролираната границата со појасот Газа, туко прво отишле до Синај и од таму се инфилтрирале на Изреалска територија.

Самиот Нетанјаху најавил одговор на нападите, и Хамас, наводно, ја евакуирал својата база во Појасот Газа очекубајќи одмазда.

Возачот на автобусот изјавил за израелското радио дека видел двајца мажи во маскирна униформа како пукале кон автобусот.

Египетските безбедносни сили изјавиле дека малку е веројатно напаѓачите да дошле од египетска територија.

 

САД ги осудува нападите.

Белата куќа ги осудила бруталите терористички напади каде во четвртокот загинале седум Израелци во близина израелското одморалиште Ејлат во јужниот дел на земјата, и изразиле надеж дека извршителите на овие напади “брзо” ќе бидат изведени пред суд.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma