Ќе се снима серија за младата Кери од „Сексот и Градот“

popara14 септември, 20111min00
dnevnicite na keri

Холивуд најави снимање на нова серија „Дневниците на Кери“ во која главен лик ќе биде Кери Бредшо, познатата колумнистка од култната серија „Сексот и градот“.

Серијата ќе се врти околу животот на Кери, но во нејзините тинејџерски денови кога била средношколка.

Фановите на „Сексот и градот“ ќе може да уживаат во уште една тура шопинг, љубовни проблеми и озборување. Продуценти на новата серија ќе бидат креаторите на хит серијата „Gossip girl“ Стефани Саваж и Џош Шварц, што ветува навистина добра забава и многу хумор.

Серијата е насловена по истоимената книга на Кендис Бушнел, која беше објавена во 2010 година и која е посветена на животот на Кери пред доаѓањето во Њујорк.

Освен Кери, главен лик ќе биде Себастијан Кид во кого таа е заљубена, како и нејзините помлади сестри Миси и Дорит и нејзината другарка Дона лаДона. Настаните се сместени во осумдесетите, а во серијата ќе се појави само Саманта, но не и Миранда и Шарлот.

Како потенцијални актери засега се спомнуваат Елизабет Олсен (сестрата на близначките Мери Кејт и Ешли), Ема Робертс (внуката на Џулија Робертс), Селена Гомез и ѕвездата на „Gossip Girl“ Блек Лајвли. Потврдено е дека Сара Џесика Паркер нема да учествува во овој проект, иако е заштитно лице на серијалот.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag