Поранешниот пејач на групата „Битлси“,Пол Макартни ќе се жени со својата нова вереница Ненси Шевел.
Изгледа дека на легендарниот пејач „не му доаѓа памет“, бидејќи повторно ќе се жени иако се разведе пред некое време.
Двојката планира интимна церемонија само за семејството и најблиските пријатели. Свадбата ќе се одржи во имотот на познатиот музичар во Англија за неколку недели. Точниот датум на свадбената церемонија не е познат, но се знае дека двојката планира и огромна забава за сите пријатели веднаш по враќањето во Њујорк.
За Макартни ова ќе биде трет брак. Првата сопруга на пејачот, со која беше во брак од 1969 година почина од рак на дојка во 1998 година. Пејачот се прежени со Хедер Милс во 2002 година, а се разведе од неа во 2008 година. Се надеваме дека ова за легендарниот пејач ќе биде трета среќа.
One comment
kile
13 септември, 2011 at 14:37
Aman be ovaa ista kako predhodnata samo so crna kosa!!!! Da ne e istata druze, proveri ubavo? hihihihi