Во текот на семејниот одмор во Франција, ќерката на Мадона е забележана како интензивно се дружи со плав дечко. Младите се возеле на скутер, се прскале со вода и разгледувале знаменитости кои се наоѓале на обалата. Сето ова било следено од будното око на познатата поп ѕвезда.
Изгледа дека не е само Мадона онаа која знае да се забавува со згодни млади дечки.
Мадона заедно со своите две биолошки деца, двете посвоени Мерси и Дејвид и нејзиниот 29 години помлад љубовник се сместија во луксузниот хотел „Еден Рок“, а најголемиот дел од денот го поминуваат на плажа. Пејачката од сонцето се штити со нуркачко одело а поголемо задоволство од пливањето и причинува нејзиниот секодневен ритуал – јогата.