Клинтон – вегетаријанец! Пa, нели уживаше во младо месо:)

popara5 септември, 20111min00
Bill-Clinton

Каде е свинското? Епа, не е повеќе во чинијата на Бил Клинтон. Поранешниот американски претседател, кој важеше за љубител на скара и брза храна реши да стане вегетаријанец и тоа во најстрогиот можен облик на овој режим на исхрана. Тој вели дека јаде само овошје, зеленчук и мешункасти растенија, а не доаѓа во предвид да конзумира црвено месо, пилешко месо или млечни производи.

65-годишниот Клинтон кој имаше бајпас операција во 2004 година и уште една операција во 2010, се одлучи да се придржува до планот за исхрана со цел да го подобри своето здравје. Претходната година изгубил околу 10 килограми за свадбата на својата ќерка придржувајќи се до режимот за здрава исхрана.

Сега, досегашниот режим, Клинтон го преобрази во вегетаријанство и цврсто стои зад оваа одлука. Иако на некои луѓе оваа диета набрзо им здосадува бидејќи е доста ограничена во вкус, тој смета дека за него ова не би претставувало никаков проблем.

Уште додава дека не може со сигурност да тврди дали овој чекор би бил исправен за секој поединец. Едноставно, по консултација со неколку доктори и нутриционисти, тој заклучил дека лично за него, ова решение е најдоброто што може да го направи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag