Кливленд го избра првиот пик на драфтот

popara24 јуни, 20111min00
00s-cavs-logo

На церемонијата која се одржа во “Прудентиал Центар” во Њу Џерси, Кливленд Кавалирс го имаа изборот на првиот пик на драфтот и со надеж за подобрување на резултатите во ерата по ЛеБрон Џејмс, и го избраа Кајри Ирвинг.

Минесота Тимбервулфс на овогодинешниот драфт го избраа Дерик Вилијамс од универзитетот Аризона, а турчинот Енис Кантер ќе биде нов член на Јута Џез. Кливленд повторно бираа, па по Ирвинг, го избраа Тристан Томпсон кој како сјаен скокач и блокер, се смета за вистинско откритие на НБА.

Петтиот и шестиот избор повторно беа играчи од Европа. Литванецот Јонас Валачиунас од Лиетвус Ритас се сели во Канада, во тимот на Торонто Репторси, а чешкото крило од Партизан, Јан Весели, следната година ќе го носи дресот на Вашингтон Визардс. Конгоанецот Бисмарк Бијомбо беше избран како 7-ми пик од Сакраменто Кингс, додека Брендон Најт, за кого многу мислеа дека ќе се најде во првите три пика, како осми пик беше избран од Детроит Пистонс. Шарлот Бобкетс го земаа плејмејкерот од шампионот на НЦАА – Конектикат, Кемба Вокер, а десетиот пик беше Џимер Фридет кој ќе игра за Милвоки Бакс.

Извор: Спортнет

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma