Еден од работниците вели дека Коби отсекогаш се грижел за луѓето под неговото рамниште. Тој им рекол дека ќе им помогне и на крајот тоа и го сторил. Не е човек кој само ветува, туку е човек кој го одржува зборот и презема акција.
Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерси, бонусот заработен по завршувањето на првиот круг од минатата сезона на НБА натпреварите им го дале на двајца работници, кои биле отпуштени од работа од страна на раководството на Лејкерс.
Калифорниските медиуми пишуваат дека на ова инсистирал најдобриот играч, Коби Брајан, а Лук Валтон му помогнал. Бонусот во износ од 65.000$ завршил на сметките на Крис Бодакен и Патрик О’Кееф, кои за стручниот тим ги снимале утакмиците.
– Коби секогаш се грижи за луѓето под неговото рамниште. Ни рече дека ќе помогне и на крајот тоа го стори. Тој е човек од акција, не само да зборува – Рекол Бодакен, кој 10 години работел на тоа работно место, шеф му бил О’Кееф, а кариерата ја започнал во Лејкерси уште во 1986 година како носач на топки.
ЛА Лејкерси, по завршувањето на сезоната, на 20 работници не им ги продолжиле договорите за работа на одредено време. Нема закон кој би ги натерал да ги плаќа работниците надвор од сезона. Кога ќе настапи новата сезона, доколку работниците бидат слободни, се очекува повторно сите да бидат вратени на работа.