Две деца му ја понудиле својата заштеда од касичката во форма на прасе на крадецот, а тој избегал од срам.
Неименуван маж заѕвонил на вратата на една семејна куќа во Германија. Отворила бебиситерката која била сама во куќата со двете деца помалди од седум години и се шокирала кога го видела вооружениот и маскиран крадец.
Крадецот влегол во куќата, се заканувал со пиштол и наредил да му се предадат сите предмети од вредност, а во тој момент од скалите се симнале двете деца.
Двете деца, момче и девојче, му ја понудиле својата заштеда и му рекле да земе се сампо да не ја повреди бебиситерката. Крадецот од срам побегнал со празни раце.
Полицијата трага по крадецот, а имињата на децата не се објавени заради нивна безбедност.