Кога на една спонзоруша ќе и пропаднат плановите! :)

popara6 декември, 20111min00
Alan-savage_682_1407564a

Британката Џули Ен Зелент која две години поминала во врска со богаташот кој постојано ја терал да троши огромни суми на пари за разубавување, сега бара од него оштета од 500.000 фунти.

Џули Ен Зелент (51) две години била во врска со милионерот Алан Саваж, кој наводно постојано ја терал да купува скапа облека, накит, да поминува многу време на фризер и во салоните за убавина.

Жената тврди дека за сето тоа потрошила огромна сума сопствени пари, но додека траела врската мислела дека тоа е добра инвестиција, бидејќи Алан и ветил брак и стабилна финансиска состојба во иднина.

Откако се разделиле, Џули Ен собрала колку вкупно потрошила за да изгледа убаво за него и сега ги бара парите назад и плус оштета.

Меѓу ставките кои таа ги наведува за што се требала да потроши пари се и фустани вредни по 7000 долари, кои морала да ги носи само еднаш, бидејќи нејзниот дечко несакал таа на разни свечености да се појавува два пати во иста гардероба. Тука се и посетите на фитнес салите по 2000 фунти, услугите од фризерските салони 4000 фунти. Посебна ставка е „стрес од посета на егзотични локации“.

„Никогаш не би ги купувала сите тие работи и фустани вредни по илјадници фунти, ниту би одела на фризер секој ден, доколку тој не ме принудуваше на тоа“, изјавила жената.

Таа го тужи Саваж и поради изгубените средства за живот, бидејќи ја натерал да даде отказ од работа и барал таа да се пресели во Лондон поблиску до него.

Судот го разгледува случајот, а Саваж изјавил дека нема да и даде ниту една фунта.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma