Надворешниот впечаток е клучен за успешен почеток на врска. Признале или не, понекогаш модните додатоци ни служат само за да ги привлечеме туѓите погледи. Што всушност нè прави попривлечни?
Според последните истражувања, голем број од жените се менуваат и повеќе материјалистите не „владеат со светот“. Податоците покажуваат дека жените повеќе ги привлекува мажот кој шета куче, отколку оној кој има ултра скап мобилен.
Секогаш е голем плус доколку со себе да имате добар мобилен или скап часовник. Но, податоците на истражувањата покажуваат дека и мажите пак паѓаат на скапи мобилни кај жените. 50% од мажите кај девојката ќе се загледаат во скапиот мобилен, додека пак само 36% од жените ќе го забележат мобилниот кај мажот. За марката на лаптопот се интересираат 46% од мажите и 38% од жените. iPad-от е привлечен за 26% од мажите и за само 29% од жените.
На жените поради некоја непозната причина попривлечни им се мажите кои имаат Blouetooth слушалка на увото. Тоа е најверојатно така бидејќи на мажите им се допаѓа изгледот на бизнис и моќна жена. 33% од нив сметаат дека тие мажи се попривлечни, додека жените со таков уред на увото се привлечни за 31% од мажите.
Освен скапите, и „ефтините“ работи поминуваат кај спротивниот пол. На пример, ако читате книга на клупа во парк, 30% од жените ќе го сметаат тоа за привлечно односно дури 42% од мажите сакаат да гледаат девојки кои читаат.
Епа, книгата за раце и кучето пред вас, и подготвени сте за нова романса.