Да, тие се на вашата листа на пријатели, но можеби би требало да размислите дали навистина сакате да се најдат на листата на пријатели во вашиот вистински живот. Ви ги претставуваме петте типови на фејсбук пријатели кои може да влијаат на Вас и Вашето расположение во негативна смисла.
1. Опседнати со својот изглед
Меѓу вашите пријатели(особено женски) сигурно имате и такви кои се труфат да изгледаат сексипилно и жешко на сите слики. Тие често ставаат „непристојни“ фотографии, а не се срамат да стават и некоја фотографија во долна облека.
Всушност, овие луѓе го прават тоа бидејќи имаат потреба од коментарите од типот „многу си секси“, „би ти правел ова/она“, „колку си слатка“ итн. Психолозите кои ја истражуваат социјалната мрежа велат дека ваквиот тип на луѓе најчесто имаат психички проблеми.
2. Имаат „ненормално“ голем број на пријатели
Зар верувате дека некој може да има 1000 пријатели. Или 4999? Секако дека не… Едно е фан страна на познатите, а сосема друго е кога некој обичен човек има толку многу „френдови“. Очигледно станува збор за луѓе на кои Фејсбук им е единствена занимација и врска со реалниот свет.
3. Изгледаат како наскоро да планираат самоубиство
Би се зачудиле колку многу луѓе што извршиле самоубиство всушност претходно, на овој или на оној начин, го наговестиле тоа на Фејсбук. Има и онакви кои ставаат некои „чудни“ статуси само за да видат дали некој воопшто се грижи за нив. А доколку им покажете малку внимание, иако не ве познаваат можат да се залепат за вас како пијавици.
Во човековата природа е да бара подршка и сочувство, но не запаѓајте во оваа замка. Не ставајте „лајк“ на тажни и мрачни мисли, бидејќи тоа за некого е душевна храна и поттик.
4. Ја споделуваат секоја неважна ситница од нивниот живот и мислат дека тоа е топ вест
Тука станува збор за убедливо најдосадната категорија на фејсбук пријатели. „Штотуку јадев“, „Ќе пијам кафе со другарите“, „Се истуширав“ итн. Звучи познато?
Всушност, би се изненадиле колкав број на луѓе ставаат тривијални детали од нивниот живот како статус на Фејсбук и мислат дека сите треба да знаат што прават тие во моментот. Мислат дека се забавни, а всушност „ни се темни пред очи“ кога ќе го видиме нивното име на нашиот Wall.
5. Пријатели со скршено срце
Луѓето кои штотуку раскинале со својот партнер често ставаат статуси за тоа колку е суров и нефер нивниот живот, а потоа најверојатно следи некоја „срцепарачка песна“. Сето тоа со цел дека нивниот партнер ќе го прочита тоа и нештата ќе се сменат. Па добро, никој не вели дека скршеното срце е лесна работа, но зар мора ли целиот свет да знае за тоа?