Посвојувањето деца стана тренд за холивудските ѕвезди. Многу од нив, иако имаат биолошки деца, сепак се решаваат да посвојат детенце и да му дадат топол дом. „Лидер“ во посвојувањето е секако познатата актерка Анџелина Џоли, но погледнете кои се познати „фацки“ посвоиле деца:
Кристин Дејвис – Ѕвездата од „Сексот и градот“ со посвои девојче, по римерот на нејзиниот лик Шарлот во познатата серија.
Дениз Ричардс – Иако има две биолошки ќерки, актерката Дениз Ричардс посвои девојче и покажа дека има големо срце.
Хју Џекмен – откако открија дека не може да имаат биолошки деца, Хју Џекмен и неговата сопруга Дебора Ли Фурнес ги посвоија синот Оскар и ќерката Ава.
Том Круз и Никол Кидман – познатата двојка ги посвои Изабела и Конор додека беа во брак.
Анџелина Џоли и Бред Пит – Анџелина Џоли го посвои синовите Медокс и Пакс, како и ќерката Захара, а потоа на Бред Пит му роди уште 3 деца. Бред Пит исто така официјално ги посвои Медокс, Пакс и Захара.
Шерон Стоун – Сите три сина на познатата актерка Шерон Стоун, Роан Лард и Квин се посвоени.
Лајонел Ричи – познатиот пејач ја посвои Никол Ричи уште кога таа имаше 2 години. Благодарение на нејзиниот посвоен татко, Никол стана една од најпознатите трендсетерки во Холивуд.
Шерил Кроу – Шерил Кроу го посвои синот Вајат во 2007 година, а потоа во 2009 година го посвои синот Леви.
Мадона – кралицата на поп музиката Мадона, покрај биолошките деца Лудрес и Роко, ги посвои и Дејвид и Мерси.
Калиста Флокхарт – Познатата актерка и сопруга на Харисон Форд го посвои синот Лиам во 2001 година.
Рози О’Донел – Со поранешниот сопруг Кели Карпентер, Рози има три посвоени деца.
Џејми Ли Кертис – Познатата актерка и нејзиниот сопруг Кристофер Гест ги посвоија своите деца Томас и Ана.