Некои од нив биле спортски великани, некои пак забавувачи, а некои рок богови. Една работа која е заедничка за сите личности кои ќе ви ги покажеме е ХИВ и СИДА-та, болест која е откриена пред 30-тина години, а сега ја има низ целиот свет.
Фреди Меркјури еден од најдобрите вокли во светот кој жареше и палеше со неговата група Queen во 70- тите години од минатиот век. Неговата музика и ден денес е популарна низ светот.
Кога му било дијагностицирано дека боледува со СИДА во 1987 година, Фреди тоа го чувал во тајност од медиумите. Но во ноември 1991 година тој јавно објавил дека е болен од СИДА. За кратко време починал од пневмонија како компликација поради неговата болест.
Грег Лоуганис познат пливач во 1998 година му било дијагностицирано дека е ХИВ позитивен. Тој го документирал неговото искуство со болеста во книгата Breaking the Surface. Тој во моментов е тренер и живее во јужна Калифорнија.
Меџик Џонсон еден од великаните на НБА кошарката, кој има освоено пет НБА шампионати за ЛА Лејкерс, и три награди како МВП на годината. Меџик се пензионирал во 1991 година откако дознал дека е ХИВ позитивен, но повторно се вратил на паркетот се до 1996 година кога конечно одлучил да се пензионира од кошарката.
Од 1950 па се до 1970 година, пијанистот и забавувач Либераси бил најмногу платен забавувач во светот. ” Тој бил познат по неговата блескава облека и надмена личност.
Во доцните 80-ти, неговото здравје се влошувало, а неговиот публицист го обвинил дека неговата тежина се намалува поради диетата со лубеница која ја практикувал. Откако починал, обдукцијата покажала дека Либераси бил болен од СИДА, и починал од компликации поврзани со болеста.
Педро Замора најмногу е познат поради тоа што се појавил во шоуто The Real World. Тој откако дознал дека е ХИВ позитивен почнал да работи како ХИВ и СИДА едукатор, и ги едуцирал младите како да се заштитат од оваа болест. Педро починал во 1994 година.
Рок Хадсон, еден од најпосакуваните актери во Холивуд, во 50-тите 60-тите години од минатиот век. Во 1985 година, тој станал првата славна личност во Холивуд која починала од компликации со СИДА.
Неговото откривање на болеста во 1985 година го шокирала светот. Починал неколку месеци откако објавил дека боледува од СИДА.
Рајан Бајт бил 13-годишниот тинејџер од Индијана кога му било дијагностицирано дека е ХИВ позитивен во 1984 година. Рајан го внел вирусот, откако добил третман со заразаена крв, бидејќи боледувал од хемофилија.
Рајан покрај болеста многу бил погоден со фактот што не можел да посетува училиште, бидејки родителите на преостанатите деца тоа не го дозволувале. Иако лекарите цело време изјавувале дека немало никаква опасност за преостанатите деца. Тој многу се залагал во едукација на младите луѓе за оваа болест. Рајан починал во 1990 година.