Кои се карактеристиките на совршениот партнер?

popara26 ноември, 20111min01
sovrsen ljubovnik

Жените се комплицирани суштества и не е лесно се задоволат. Тие секогаш се во потрага по идеалниот маж. Која е најчестата дефиниција за тоа што тие го бараат? Идеален маж – маж кој знае како да ја задоволи својата жена и да ја направи да се почувствува сакана и единствена. Кои се карактеристиките со кои располагаат совршените партнери?

Знае како да слуша – Тој навистина го слуша она што имате да го кажете и делува заинтересирано, наместо да зјапа во празно.

Не е здодевен – секогаш се обидува да ве изненади на најразличен начин. Знае да биде спонтан и има добра смисла за хумор која вас неверојатно ве инспирира.

Добар љубовник – Тој знае што сакате и се обидува да ве задоволи. Ова значи дека никогаш не ја прескокнува предиграта, се грижи за вашите потреби и не му е проблем да се гушка со вас после секс.

Зарем не пасивни – на долг рок нема жена сака пасивни, потчинети човек кој компромиси неговата личност да се направи среќни. Задржи вашата личност, твојот ум и ја покаже својата дека сте силни, сигурни и имаат рбетот.

Забележува детали – Сте ја промениле фризурата? Сте ослабнале неколку килограми и сте купиле нов фустан. Совршениот партнер веднаш ги забележува промените и не заборава да ви подели некој комплимент.

Не ве гуши со љубомора: Довербата е основа на добра врска. Тој ви дозволува да се дружите со кого сакате без да ви прави љубоморни сцени, но е заинтересиран и сака да знае каде сте.

Го третира вашето семејство со почит: Колку и да се противиме на ова тврдење, факт е дека за успешна врска ви треба партнер кој ќе се согласува и со вашето семејство. Идеалниот партнер ќе се однесува кон вашето семејство со почит и ќе им покаже дека ве третира онака како што заслужувате.

Ве инспирира да бидете подобри: Тој постојано ви покажува дека имате квалитети кои треба да ги искористите за да напредувате во живтотот. Едноставно, тој е како машина која ве бутка напред и е секогаш тука да ви помогне кога тоа ви е потребно.

One comment

  • sale

    27 ноември, 2011 at 13:53

    I glavnata karakteristika e-NE POSTOI !!! Pa koja si nema popametna rabota,neka si go bara do penzija.

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag