Италијанките се најубавите жени на стариот континент, покажале резултатите од едно истражување на 6000 испитаници, кое го спровело еден холандски туристички веб сајт.
На второто место се нашле Швеѓанките, трети се Пољакините, додека на четврто се Шпањолките и на петтото Холанѓанките.
Секој петти европски турист смета дека девојките од Апенинскиот полуостров се најубавите жени во Европа.
Повеќето испитаници, сепак, сметале дека жените од нивните земји биле најубави. Единствен исклучок се Белгијците и Германците, кои во голем број ја фалат убавината на „јужните девојки“.
Кога станува збор за мажите, жените кои биле анкетирани, најмногу гласови дале за Италијанците, а веднаш потоа за Шпанците.