Британската полиција уапсила 19 криминалци и тоа на финта со бесплатно пиво.
Полицијата во Derbyshire мака мачела со криминалците кои се криеле и неможеле никако да ги фатат и уапсат, тие никогап не биле на адресата на која биле пријавени. Па полицијаците мораже да се послужат со еден трик и стапица.
Полицијата на домашните адреси на криминалците испратила писма во кои пишувало дека поради една рекламна кампања тие се добитници на бесплатни гајби пиво.
Во писмото била наведена адреса и телефонски број каде треба да се јават за да ја подигнат наградата.
Кога криминалците се појавиле на таа адреса ги дочекале полицајци со лисици.
На оваа полициска стапица паднале дури 19 криминалци.
„Се покажа дека овој трик е многу ефикасен, но и поефтин начин да стигнеме до криминалците, отколку да ги бркаме секој ден низ градот“, изјавил инспекторот Graham McLaughlin, кој ја смислил целата акција.