Кој е вашиот тип на партнер?

popara24 ноември, 20111min00
cetiri mazi

Постојат четири основни типа на мажи. Ви ги претставуваме нивните карактеристики кои ќе ви помогнат да откриете во која група припаѓа вашиот партнер:

Срамежливи: Срамежливите мажи не се најдобриот избор за забава и енергично дружење, но може да сметате на нив за верност, љубов и почит. Срамежливите мажи се најдобар избор за оние кои сакаат сигурност во врската, затоа што овој тип на мажи најретко изневерува. Доколку решите да имате врска со срамежлив маж, не се обидувајте да го промените, туку уживајте во неговите позитивни особини.

Современи: за да биде ваш и да го освоите, мора да смислите некој оригинален начин за да му пристапите. Современите мажи се постојано во движење и имаат нови теми на разговор, а се опкружеи со најмодерна технологија. Од современите мажи можете да очекувате да ви помагаат низ дома, но исто така бидете сигурни дека тој често ќе биде повеќе заинтересиран за најновиот модел на лаптоп отколку за вашата нова фризура.

Заводник: Заводникот не треба да го заведувате, тој сам ќе си дојде кај вас доколку е заинтересиран. Всушност, воопшто нема да имате проблеми за да започнете флерт, но проблемот ќе се јави кога ќе треба да го задржите. Заводниците ќе ве осипат со комплименти, внимание и подароци, но откако ќе бидат сигурни дека ве освоиле, големи се шансите да загубат интерес. Ве предупредуваме, заводниците се „најтежок“ тип на мажи за долгорочни партнери, затоа што тие се ловци по природа и постојано имаат потреба да се докажат. Затоа, жените кои имаат заводници покрај себе мора постојано да внесуваат нови игри и предизвици со кои ќе му го задржат вниманието на партнерот.

Традиционални: Со малку пребирливост, традиционалниот маж можеби е најдобриот избор за долгорочен партнер. Станува збор за мажи кои семејството го ставаат на прво место, кои не се плашат да превземат иницијатива и одговорност, но исто така сакаат да бидат „шефови“ во домот. Овој тип на мажи сакаат да го имаат главниот збор, па тешко е доколку и вие имате доминантен карактер. Но со малку труд и разбирање, имате големи шанси да го модернизирате и да го натерате да прифати некои промени. Сепак, не очекувајте од ваквиот тип на мажи дека ќе ве држат за рака додека се породувате или пак дека ќе ви дозволат да се сончате голи… Но тие сеогаш че бидат тука за да ви помогнат во проблемите, а децата и семејството секогаш ќе им бидат најважни во животот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag