Стив Џобс зад себе остави непроценливо технолошко царство, преку триста патнети и завидно иноваторство кое ќе се памти уште многу години. Но, тој остави и богатство кое се проценува на 8,3 милијарди долари, кое го вклучува кон 100-те најбогати милијардери во светот, пишува Мејл Онлајн.
Моментално не се познати наследниците на неговото богатство, но едно е јасно – Стив Џобс имаше комплицирана семејна состојба.
Џобс е син на Џоан Симпсон и сирискиот студент Абдулфата Јандалиј, а младите родители пред 56 години решиле да го дадат на посвојување.
Џобс никогаш немал стапено во контакт со својот биолошки татко, денеска 80 годишниот сопственик на казина. Неговиот биолошки татко тврдел дека неколку пати се обидувал да стапи со него во контакт, но и дека несакал да се наметнува за да не се сфати тоа дека сака само дел од наследнството.
Подоцна младите родители имале друго дете, Мона Симпсон, која станала писателка. Таа се запознала со Стив кога тој имал 27 години, а нивниот одос бил опишан како „близок“.
Џобс бил посвоен од Клара и Пол Џобс, кои подоцна посвоиле уште едно дете, Пати Џобс.
Стив Џобс, своето прво дете го добива во 1978 година во вонбрачната заедница со Крисан Бренан. Џобс одбивал да го признае татковството, но судската пресуда го принудила на ДНК тестови, па се покажало дека Лиса Бренан Џобс е негово дете. Лиса со години живеела со својата мајка, а подоцна како тинејџер и со својот татко .
Џобс вистинската љубов ја пронаѓа во 1989 година со Лорен Пауел, со која има три деца, Ева, Ерин и Рид.
Стив Џобс никогаш не се приклучил кон примерот на Бил Гејтс и Ворен Бафет, кои се обидуваат да ги убедат богаташите дека по смртта половина од богатството ќе го дадат во хуманитрани цели. Сепак се верува дека Џобс донирал 150 милиони на Helen Diller Family Comprehensive Cancer Centeru , институција која се занимава со истражување и студии за рак, болеста од која и самиот тој умре.
За еден милијардер, Џобс живеел навистина скромен живот, неговиот Мерцедес SL55 AMG вредел 130 илјади долари, а куќата е проценета на 2.6 милиони долари.
Семејството на Стив Џобс
Биолошки родители : Joanne Simpson и Abdulfattah Jandali
Биолошка сестра: Mona Simpson
Посвоители: Clara и Paul Jobs
Посвоена сестра: Patti Jobs
Сопруга: Laurene Powell Jobs
Деца: Eve, Erin и Reed
Вонбрачно дете: Lisa Brennan-Jobs