Пред Стив Џобс да го напушти овој свет, тој учествуваше во создавањето на својата биографија. Се разбира, филмските права беа откупени веднаш… Еве, кој би можел да го игра Стив Џобс и неговите соработници и конкуренти!
“Sony Pictures” побрза да ги откупи правата за авторизираната автобиографија на Стив Џобс, која ќе биде во продажба од 24 октомври. Сите се надеваат дека оваа биографска книга, а потоа и филм, ќе бидат со добар квалитет и дека на вистински начин ќе го претстават животот на овој голем иноватор, кој неодамна почина.
Инспирирани од најавата за овој биографски филм за животот на Стив Џобс, списанието “Total Film” направи своja “аудиција” за улогите!
Младиот Стив Џобс би можеле да го играат Кристијан Бејл – актуелниот Бетмен. Исто така, сметаат дека како “втора опции” би можел да биде Едвард Нортон.
Во повозрасната улога Стив Џобс, би можеле да го играат Стенли Тучи и Даниел Деј-Луис.
Во улогата на ко-основачот на “Apple” Стив Вознијак според “Total Film”, улогата би можела да му припадне на Метју Алмарк или верувале или не на Чак Норис.
Според нивното мислење, сопругата на Стив Џобс би можеле да ја играат Грета Гевинг или Натали Портман, додека поранешниот извршен директор на “Apple”, Џон Скалија би можеле да го глумат Били Боб Торнтон или Џејмс Кромвел.
Улогата на Бил Гејтс, “главниот мислител“ во “Microsoft”, најдобро би му одговарала на Стив Бускеми или втора опција Филип Симур Хофман. Од друга страна, извршниот директор Тим Кук во “Apple”, би можел да го игра Вилијам Харт, а се споменува и Дастин Хофман.
А колку Холивуд е навистина индустрија, понекогаш и без трошка на стил, најдобро е илустрирано со фактот дека информациите за откуп на права за филмот излезе еден ден по смртта на Стив Џобс.
Нели е тоа малку претерано?
Сепак, што мислите вие за кастингот за улогите во автобиографскиот филм за Стив Џобс?