Телескопот огледало со големина од половина фудбалски стадион ќе ги снима планетите надвор од Сончевиот систем и ќе ни овозможи повеќе сознанија и информации за нивните карактеристики.
Во чилеанската пустина Атакама на планината Серо Армасонес висока 3064 метри, европските инжињери и научници одлучија да се отстрани дел од врвот за да се постави најголемиот телескоп на светот – European Extremely Large Telescope (E-ELT). Целиот проект зафаќа простор со големина на фудбалски стадион, а модерната купола која ќе го прекрива телескопот ќе биде висока 74 метри, малку помал од лондонскиот Биг Бен.
Астрономите се надеваат дека „небесното око“, односно огледало големо колку половина стадион, конечно ќе понуди подобар увид за постоењето на вонземски живот, а ќе ги снима планетите кои се слични на Земјата, надвор од Сончевиот систем.
Телескопот ќе може да ни ги добилижи раѓањата на галаксиите кои се на далечина од 14 милијарди години, а со тоа ќе понуди и одговори за темната материја и енергија кои се клучни за еволуцијата на вселената.
Врвот на оваа пустина не е случајно одбран за тука да се позиционира телескопот, тука поради сувоста и чистотата на воздухот и поради 320 ведри ноќи во годината, па на тој начин телескопот ќе може појасно да го открива небото, а добиените фотографии ќе бидат дури 15 пати почисти и од оние Hubble.
Градењето на E-ELT, треба да биде готово најдоцна до 2020 година, а вкупните трошоци се проценуваат на повеќе од една милијарда долари. Илјадници парчиња огледала ќе бидат испратени од Европа за да се направи стаклена сложувалка на врвот на планината во Чиле. Специјални геџети ќе ги отстрануваат дамките од фотографиите кои се предизвикани од земјината атмосфера, а потоа фотографиите ќе бидат анализирани на спектрометри.
Инаку, од сите градови во светот во Феникс најмногу пати биле забележани вонземјани и нивните летала. Според MUFON, најголемата американска организација за истражување на НЛО, вонземјаните исто така, не пропуштаат „забава“ во Лос Анџелес, каде во 2000 година забележани биле повеќе од 2192 прелетувања. Таканаречените мали зелени кои не сакаат гужви со задоволство одат во Колорадо, државата која не е магнет за туристи, но веројатно ги привлекува убавините на планината Rocky Mountain.
Во Австралија главен град за вонземјаните е Wycliffe Well. Додека во 2005 година, повеќе од илјада луѓе сведочеле дека над Мексико забележале стотици неидентификувани летачки објекти.