Откако заврши одморот на принцот Хари, по лудите забави на Хвар тој се упати кон својот топол дом. Но, таму го дочека ладен туш. Тој наиде на остри критики за неговото недолично однесување и тоа од Пипа Мидлтон.
За одморот на Хари се пишуваше многу, неговите пијанства и однесување кое не доликува на еден принц. На тоа нашла да му забележи, Пипа, девојката која се забавуваше на приватни забави каде се пиеше без мерка и се соблекуваа пред фото апаратите на присутните.
Извор близок на семејството вели дека Пипа го искритикувала Хари: “Престани да се однесуваш како тинејџер, време е да почнеш да се однесуваш како вистински маж”.