Кој колку тежи во ЕУ?! Во Малта живеат најдебелите мажи, а во Британија најдебелите жени! :)

popara25 ноември, 20111min00
f

Меѓу жените во ЕУ најдебели се британките, а меѓу мажите се оние од Малта, објавила агенцијата за статистика Еуростат.

Процентот на возрасни дебели жени во земјите членки на Еу се движи од 8% до 23,9%, а на дебели мажи од 7,6% до 24,7%.

Иако се загрижувачки овие резултати, сепак показателите заостануваат од оние на САД, каде дебелото население  во бројки е 28,8 % кај жените, и 27,6% кај мажите.

Најмалку дебели луѓе има во Романија (8% жени и 7,6% мажи), па потоа следи Италија со (9,3% кај жените и 11,3% кај мажите).

Во Бугарија има 11,3% дебели жени и 11,6% дебели мажи, во Франција овие бројки се 12,7% и 11,7%.

На другиот крај на листата меѓу жените се британките како најдебели, потоа се малтежанките, летонките и естонките.

Додека кај мажите, први на листата најдебели се малтежаните, британците, унгарците и чесите.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag