Очигледно бизнисменот пропаднал, но затоа неговото Ферари Енцо сега седи во сред пустина. Полицијата го запленила луксузниот автомобил, а никој не знае кој е сопственикот. Наводно, некој го оставил луксузниот автомобил во Дубаи, а се вратил дома бидејќи бизнисот му пропаднал.
Луксузниот автомобил Ферари Енцо со месеци се „пече на сонце“ во сред пустина во Дубаи. Еден од овие 400 автомобили кои се произведени, полицијата го запленила од бизнисмен кој наводно неможел да си ги плати своите долгови. Скапиот автомобил наскоро ќе се најде на аукција за да добие нов сопственик, јавиле од Corriere della sera.
Ферари инаку има направено само 400 примероци на моделот Енцо, кои сега сигурно чинат и повеќе од милион евра. Последниот ваков модел на аукција е продаден за 950.000 евра.